Шокантно: Силувал неподвижна девојка

Веста за монструмот во Зајачар, кој го дрогираше целото семејство, а потоа силувал неподвижна жена, го шокираше целиот свет, вклучувајќи ги и пријателите и роднините на жртвата.
Додека полицијата истражува за побегнатиот сторител, силуваната жена и нејзината мајка повторно проаѓаат низ се што им се случи.
„Се што е објавено, секој збор кој што сме го кажале на јавноста, повторно ни ги отвори стравовите кои барем малку ги потиснавме во себе. Непрекинато ѕвони телефонот, доаѓаат пријатели и комшии, не веруваат што ни се случило, па ние све одново прераскажуваме. Не веруваат дека скоро на никој не сме кажале, а ние се придржуваме до упатствата на полицијата да не кажуваме на никој, додека не се открие сторителот. Не сме кажале ни на најблиските, за да не се грижат. И ете, ми се јави синот, братот на Татјана и зибезумено ме прашуваше што се случува. Тој дознал од новините дека сме биле успиени и дека неговата сестра е силувана“, раскажува мајката Мирјана.
Семејството живее во страв штом некој зазвони на телефон или тропне на врата.
„Не спиеме. Седиме до 4, до 5 наутро. Разговараме, се тешиме меѓусебно. Што задремам, пред очи ми се појавува неговата слика, па станувам и седам така со часови. Можел и да не убије сите, можело све да се случи“, додала мајката.
 Зајачарската полиција распишала потерница за сторителот, веднаш штом жртвите го препознале на фотографија, а осомничениот може да биде во кој дел од Србија.
 Надлежните апелираат до граѓаните да бидат многу внимателни и да не примаат непознати личности во своите домови. Се преземаат интензивни мерки за расветлување на случајот и за се ќе биде известена јавноста.
 Веста за монструмот во Зајачар, кој го дрогираше целото семејство, а потоа силувал не

Пронајдете не на следниве мрежи: