Шокантно тврдење на Американецот! По бруталниот ќотек во Русија, Путин му уплатил 150.000 долари на сметка! (ВИДЕО)

Познатиот американски ММА борец Ентони Руиз тврди дека рускиот претседател Владимир Путин уплатил огромна сума пари на неговата сметка по еден пораз во Сочи.

Руиз во 2012 година доживеа тежок пораз во Сочи од познатиот ММА борец Александар Шлеменко.

Руиз беше голем аутсајдер во таа борба.

Рускиот борец доминираше од самиот старт, удирајќи го со брутални удари, трипати соборувајќи го на подот, но Руиз продолжи да се бори до самиот крај.

И покрај тоа што носот му беше скршен, а лицето беше целосно изобличено, тој се држеше до последното ѕвоно.

Путин, кој ја следел тепачката во живо, бил импресиониран од Американецот. Тој изрази восхит за неговата упорност и покрај сериозните повреди.

Кога се вратил дома во Калифорнија, на неговата сметка имало уплата од 150.000 долари.

,,Не можев да верувам. Знаев дека тоа доаѓа од Путин, а тој е еден од најбогатите луѓе во светот. Значи, навистина, 150.000 долари не се многу за него – тоа си го кажував за да го оправдам. Се разбира , ги задржав парите. Тоа беше реално, навистина се случи“, тврдеше Руиз.

Американецот, кој ја заврши кариерата во 2019 година по борбата во Сочи, гостуваше во Русија уште два пати, забележувајќи и победа и пораз.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.