Шок најава на Марко Миљковиќ: „Породувањето на Луна ќе го снимам со дрон“!

Марко Миљковиќ поради коронавирусот нема да смее да присуствува на породувањето на неговата сопруга Луна, па ссмислил како да го сними раѓањето на нивната ќерка Миа.
„Поради корната, лекарите не ми дозволуваат да присуствувам на породувањето, иако фаќав многу врски. Два пати сум вакциниран но сепак, не сакам да загрозувам никого, затоа решив да испратам дрон. Лесно ќе дознаам во која соба ќе биде Луна. Секако, тоа видео ќе биде само за нас, нема да го објавуваме на Интернет“ – порача Марко.


Да ве потсетиме, Луна и Марко се венчаа минатиот викенд во Општина Раковица, додека во вторникот се заколнаа на вечна љубов пред Бога. Луна откри дека презимето Миљковиќ го додала на Ѓогани и дека во иднина ќе се претставува во јавноста како Луна Ѓо-Ми!


На нивната венчавка биле само кумовите, а младоженецот најавил голема прослава.
„Ние ќе го организираме тоа штом помине Ковид -19 пандемијата. На нашата свадби ќе бидат семејствата и пријателите“ – рекол Миљковиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.