Пејачката Лизо на Инстаграм објави шокантна трансформација во својот изглед, откако ослабе огромен број килограми, тврдејќи дека не користела Оземпик.Својот нов изглед Лизо го постигнала по пет месеци вежбање со тегови и намален внес на калории, а денес изгледа подобро од било кога. View this post on Instagram A post shared by Lizzo (@lizzobeeating)Таа е некој што е поборник за позитивен однос кон своето тело и со години се бори со критичарите на нејзиниот изглед дека е премногу дебела и треба да ослабе.Поради осудата на околината, таа неколку пати јавно се огласи на мрежите, но притисокот беше толку голем што помисли да ја напушти кариерата и тивко да се повлече од јавниот свет. Лиза пораноЗа среќа на многу фанови, тоа не се случи, но Американката го зеде својот живот и својот изглед во свои раце и постигна неверојатни коментари.Пејачката при својата физичка промена истакна дека тоа не го прави поради изгледот, туку пред се поради здравјето, бидејќи се сакала себеси и со вишокот килограми. – Мислам дека имам навистина убаво тело! Јас сум „икона на телото“ и секој ден се повеќе го сфаќам овој факт. Можеби немам идеален тип на тело, како што, да речеме, Ким Кардашијан можеби не е нечиј идеал, но таа го создаде модерниот стандард на убавина – изјави во една прилика ар-ен-би ѕвездата.Пејачката Лизо тужена за сексуално вознемирување Лизо ја започна својата трансформација по обвинувањата од нејзините поранешни танчери за наводно сексуално вознемирување и создавање лоша работна атмосфера.Таа ги негираше овие обвиненија, но случајот се уште е во тек. Овој грд период беше поттик за промени во животот.
Пронајдете не на следниве мрежи: