Шолц рече дека помошта за Украина платена преку Европската Унија ќе биде зголемена и дека европските земји ќе ги користат приходите од замрзнатите руски средства за да финансираат понатамошни набавки на оружје
Олаф Шолц, Емануел Макрон и Доналд Туск, лидерите на трите европски воени сили Германија, Франција и Полска се согласија да ја засилат светската набавка на муниција за Украина, пренесува „Гардијан“.
Германскиот канцелар Олаф Шолц рече „денес, повеќе од кога било, нашето единство е нашата сила, а пред сè нашите три држави Германија, Полска и Франција сносат посебна одговорност.
„Ќе набавиме уште повеќе оружје – на целиот светски пазар. Производството на воена опрема треба да се прошири, вклучително и во Украина“,
рече Шолц.
Тој рече и дека производството на воена опрема ќе се прошири во соработка со партнерите во Украина и дека ќе се формира нова коалиција за снабдување на Украина со ракети со долг дострел.
„Ние делиме едно убедување: Украина е за нашата безбедност и нашата иднина. Заедничката волја е да се поддржува Украина онолку долго колку што е потребно и да не се дозволи Русија да ја добие својата војна за агресија“,
рече Макрон попладнево во Берлин.
Тој додаде дека ова е сериозен момент, кога наидува нова ера, а тие, како што рече, ќе бидат таму.
„А, фактот што ние тројцата сме обединети на овој ден, решени никогаш да не дозволиме Русија да победи и да го поддржиме украинскиот народ до крај, е сила за нас, нашите народи, нашата безбедност и нашата Европа“,
додаде Макрон.
Полскиот премиер Доналд Туск рече дека сакаат да помогнат на секој можен начин за ситуацијата во Украина во наредните недели и месеци да се подобри, а не да се влоши.
Шолц рече дека помошта за Украина платена преку Европската Унија ќе биде зголемена и дека европските земји ќе ги користат приходите од замрзнатите руски средства за да ги финансираат понатамошните набавки на оружје.