четврток, 12 ноември 2026
Најново

Шолц се огласи за испраќањето германски војници во Украина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека дискусиите за потенцијално испраќање германски војници во мировните сили во Украина се предвремени и несоодветни.

Како што изјави тој за германскиот весник РНД, прво мора да заврши конфликтот и да има вистински преговори, па дури потоа може да се разговара за безбедносните гаранции за Украина.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Мислам дека овие дискусии се несоодветни и предвремени бидејќи претпоставуваат дека Украина нема да добие дел од своите територии од Русија“, рече Шолц.

Според еден од мировните планови што ги разгледува американскиот претседател Доналд Трамп, тој би можел да ги покани британските и европските војници да воспостават тампон зона на сегашната линија на фронтот во Украина.

Шолц додаде дека Украина, во секој случај, ќе има армија која нема да може да ја плати само со сопствени финансиски средства, па затоа ќе биде потребна помош од Германија и сите други пријатели на Украина.

Пратеникот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) Родерих Кизеветер минатиот месец изјави дека Берлин не треба да ја отфрли можноста за испраќање свои војници во Украина по завршувањето на војната, објави весникот „Швабише цајтунг“.

Тој ја даде изјавата додека Велика Британија и Франција размислуваат да испратат сили за следење на евентуалниот прекин на огнот во Украина.

Поврзани вести