Секретарот на Советот за безбедност на Русија Сергеј Шојгу денеска изјави дека „Русија нема намера да оценува дали оставката на српскиот премиер Милош Вучевиќ е оправдана или не“.
„Премиерот е сменет, не знам дали е тоа со добра причина или не, не е наша работа да одлучуваме“, рече Шојгу по средбата со претседателот на Казахстан Касим Јомарт Токаев, според руската државна агенција ТАСС.
Тој истакна дека во Србија, но и во Словачка, продолжуваат обидите од надвор да се организираат протестни движења.
„Погледнете што се случува денес во Словачка и Србија. Сè продолжува, ништо не запира. Се организираат разни протести и движења, можеме да го наречеме обоена револуција или необоена револуција – како што сакате. Но, зад сето ова се наѕира активноста на САД“, рече Шојгу.



