Ако сте љубители на италијанската кујна, мора да го пробате овој рецепт.
Потребни состојки:
500 г шпагети
100 г сланина
100 г сирење пекорино
1 лажица маслиново масло
2 чешниња лук
3 јајца
150 мл павлака за готвење
Буковец(благ)
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Сварете ги шпагетите според упатството за употреба. Исечкајте на сланината на ленти и изрендајте го сирењето. Загрејте масло и пропржете ја сланината. Во истата тава пропржете го лукот. Изматете јајца, павлака, 50 г сирење, додајте малку сол, бибер и буковец.
Исцедете ги шпагетите и измешајте ги со сланина и лук. Потоа додајте ги во смесата од јајца и павлака. Одозгора нарендајте го преостанатото сирење.