Шпагети со пармезан и чери домати

Потребни состојки:
1 пакување шпагети
1 лажичка пире од домати
1 чили пиперче
2 лажици маслиново масло
Сол и бибер
1 кромид
1 свежа зелена лута пиперка
2 чешниња лук
Половина килограм шери домати
Босилек
Пармезан
Начин на подготовка:
Во тава запржете ги доматите и додајте изрендано чили. Додајте 250 мл вода и оставете да се вари додека да добиете сос. Посолете и додајте бибер. Во длабока тава загрејте маслиново масло и пропржете го кромидот исечкан на тенки кругови. Потоа додајте го изгмечениот лук и пиперката исечкана на парчиња. Исечете ги чери доматите на половина, а босилекот на ситни парчиња и динстајте со остатокот од смесата. Во тава истурете го сосот и крчкајте неколку минути.
Сварете ги шпагетите непосредно пред јадењето. Исцедете ги и додајте ги во тава. Измешајте со сосот и сервирајте. При сервирање може да наросите со рендан пармезан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.