Шпагети со ракчиња во доматен сос

Состојки
250г ракчиња, одмрзнати
1 пакување шпагети
2 + 2 лажици маслиново масло
3 чешниња лук, ситно исецкани
800мл сецкани или пасирани домати
200мл бело вино
2 лажици путер
Сол и бибер по вкус

Загрејте 2 лажици маслиново масло во големо тавче на среден оган. Додајте го лукот, промештајте и гответе 2 минути. Додадете ги конзервите домати и белото вино. Доведете го сосот до тивко вриење и гответе 10тина минути. Кога сосот ќе згусне, додајте го путерот и зачинете со сол и бибер.
Наполнете големо тенџере со малку насолена вода, почекајте да зоврие; додадете ги шпагетите и повторно донесете ја водата до континуирано вриење. Гответе ја пастата без капак, промешувајте од време на време, додека пастата е зготвена но се уште има малку трвда структура во средината; отприлика 9 минути (провери според шпагетите). Исцедете ја убаво и оставете ја на страна.
Зачинете ги ракчињата со сол и бибер по вкус и загрејте ги останатите 2 лажици маслиново масло во средно тавче на среден до јак оган. Додадете ги ракчињата и гответе додека не се розеви од надвор и повеќе не се проѕирни во средината, отприлика 5 минути. Промешајте ги ракчињата во сосот, а потоа додадете ги во шпагетите пред да послужите. Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.