Шпански државјани приведени на скопскиот аеродром

На 03.01.2025 година во 16.00 часот на Граничниот премин – Меѓународен Аеродром – Скопје, полициски службеници лишиле од слобода две шеснаесетгодишни лица шпански државјани, кои патувале со своите родители, а поради тоа што при ПДЗ контрола кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. За настанот бил известен дежурен ЈО од ОЈО Скопје и обвинител за малолетни лица, и биле дадени насоки против малолетниците да се поднесе прекршочна пријава по основ на Закон за експлозивни материи , а додека со родителите да се изврши информативен разговор.

Пронајдете не на следниве мрежи: