понеделник, 16 ноември 2026
Најново

СДСМ: Институциите кои ги раководи ДПМНЕ, Македонија пат и МВР целосно потфрлија, ништо не функционира

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поради неисчистени патишта од страна на државното претпријатие Македонија пат и задоцнета реакција на СВР Тетово бројни граѓани со часови беа заглавени во километарски колони во Маврово.

Само пред неколку дена се случи хаос и на патот Тетово – Попова Шапка. Како што падна првиот снег патиштата ширум државата останаа целосно неисчистени а граѓаните се оставени сами на себе. Патот до Галичник беше непрооден повеќе од еден месец, граѓаните беа во целосна изолација.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Институциите кои ги раководи ДПМНЕ, Македонија пат и МВР целосно потфрлија, ништо не функционира, ниту снегот се чисти од патиштата, ниту полицијата превенира, ни пак го регулира сообраќајот на соодветен начин. Владата на ДПМНЕ и Мицкоски покажува епска неспособност и ги доведува граѓаните во сериозен ризик“ потенцираа од СДСМ.

Поврзани вести