Штедачите во кипарските банки може да останат без 40 отсто од депозитите

Штедачите во кипарските банки со депозити поголеми од 100 илјади евра би можеле да загубат околу 40 отсто од нивната вредност, изјави во вторникот кипарскиот министер за финансии за BBC.Кипарскиот министер за финансии Михалис Сарис, потврди дека штедачите со депозитите помали од 100 илјади евра нема да мора да учествува во санацијата на банките, додека на оние со повисоки депозити од оваа сума околу 40 отсто од нивната вредност ќе биде претворена во акции на банките.„Точниот процент уште не е утврден, но ќе биде значителен“, рече Сарис за BBC. Конечната сум ќе зависи од тоа каква одлука ќе донесе владата во Никозија за заштита на пензиите.Кипарската централна банка објави дека сите банки во земјата ќе останат затворени до четвртокот, откако беа затворени на 16-ти март, како и дека мерките за контрола на капиталот ќе бидат примените кога банките повторно ќе бидат отворени, без оглед на помошта од европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.До неодамна кипарските власти најавуваа дека сите банки, освен двете најголеми, ќе бидат отворени во вторникот, 16-то март, по десетдневното неработење. Меѓутоа, ноќта кон вторникот кипарската централна банка објави дека сепак сите банки ќе останат затворени до четвртокот., за по отворањето да се обезбеди „мазно“ функционирање на банкарскиот систем.
МакфаксШтедачите во кипарските банки со депозити поголеми од 100 илјади евра би можеле да загубат околу 40 отсто од нивната в

Пронајдете не на следниве мрежи: