Раде Трајковски- Штекли се осуден на осум години затвор за организирана трговија со дрога во Скопје. Останатите од неговата криминална група добија по пет години, а еден ја доби најниската казна што ја изрече судијата Илија Трпков од 3 години и 10 месеци.
„ Преку доказите, судот утврди дека групата се здружила заради продажба на кокаин и марихуана на купувачи од Скопје. Преку посебните истражни мерки се дозна како делувала групата на чие чело бил Трајковски. Дрогата била држена и пакувана во станови од каде организирано преку посредници била продавана на улиците на градот, од 4500 до 6000 денари за пакување кокаин и од 200 до 300 за марихуана. Првообвинетиот ги наградувал надлежните на подгрупите кои пак им давале инстукции на подмладокот каде да ја носат“, рече судијата Трпков пред да ја изрече пресудата.
Првично во случајот беа опфатени 16 лица, од кои седум склучија спогодба и добија затворски казни од 3 до 3,5 години, додека четворица признаа вина и постапката за нив беше раздвоена.
The post Штекли осуден на осум години затвор за организирана трговија со дрога appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



