Што вели вашата профилна фотографија на Фејсбук за вас

Како што музиката и нештата кои ги читаме и објавуваме на Фејсбук кажуваат многу за нас, така и фотографијата која стои како профилна на нашиот профил на Фејсбук кажува многу за тоа какви сме карактерно.
Како и да, најважно од сè е која фотографија останува најдолго, секако доколку сте од оние кои често ги менуваат овие фотографии. Онаа која имала најдолг животен век на вашиот профил е онаа која ја барате за да дознаете каков карактер имате. Па, пронајдете се во следните..
Портрет или фотографија на која ве има до половината
И покрај тоа што овие луѓе се сметаат за малку досадни, ваквата фотографија всушност зборува за нивната увереност во убавиот надворешен изглед. Како целина тие се дружељубиви, лесно ги постигнуваат целите и на нив може секогаш да сметате. Доколку фотографијата е автопортрет мошне веројатно е тој човек да е супер досаден.
Фотографија од далеку
Со други зборови едвај се гледа некој на фотографијата, Обично фотографијата е направена во природа, до некој споменик или пак во друштво на други луѓе. Изборот на ваква профилна фотографија вели дека човекот не е особено сигурен во себе и своите квалитети. Можеби има комплекси за својот надворешен изглед. Другата варијанта е дека се работи за срамежлив или повлечен човек. Убавото кај овие луѓе е ако еднаш ја стекнеш нивната доверба ќе ти бидат верни пријатели за цел живот.
Фотографија само од лицето
На оваа фотографија го има само лицето на корисникот. Оваа фотографија зборува за горделивост и супер висока самодоверба. Овие луѓе сметаат дека знаат сè, а останатите се должни секогаш внимателно да ги слушаат.
Ретро фотографија
Ако некој поставил фотографија од себе како бебе или мало дете тогаш дефинитивно се работи за човек кој не може да се раздели од минатото. Сака пак да биде дете и да нема грижи и проблеми. Тој е романтична душа. Верува во доброто и љубовта. Во него нема злоба. За жал често пати станува жртва на сопствената наивност.
Фотографија од миленичето
Тука не е важна самата фотографија туку животното на неа. Мачката зборува за емоционален и ранлив човек. Најверојатно неодамна претрпел големо разочарување во љубовта. Кучето пак е симбол на независност, особено ако профилот е на машка особа. Тој е вистински мачо, кого не може никој да го врти околу малиот прст. Ако девојка поставила фотографија со куче тогаш си имате работа со забавна и симпатична девојка. Таа можеби не е барбика, но затоа е многу шармантна и забавна, па затоа нема маж што може да и одолее. Рибите се типични за практични и дистанцирани луѓе. Влечугите зборуваат за луѓе со силно изразена потреба од внимание и протест кон правилата и нормите во општеството. Зајчињата се поврзуваат со романтични и мили особи.
Фотографија од детето
Според психолозите човек кој поставил фотографија од детето нема никакви други успеси во животот. Ние не сме согласни со омаловажувањето на фактот, дека одгледуваш и воспитуваш наследник. Дури во денешно време тоа е повеќе и од најголемиот професионален успех. Покрај тоа ова зборува колку многу го сакаш и се гордееш со своето дете. Затоа според нас овие луѓе се одговорни, луѓе што знаат да сакаат и силни како личност.
Фотографија од позната личност
Тоа може да е пејач, актер, дури и анимиран херој. Луѓето кои ја имаат оваа фотографија на својата профил фотографија не знаат што сакаат од животот и живеат ден за ден. За нив е типично да ги имитираат другите. Се плашат да го изразат сопственото мислење и идентитет, затоа избираат да користат веќе проверени од друг манири и фрази.
Артистичка фотографија
Тоа е апстрактна фотографија со порака или пак со интересно позиционирање на образи или предмети. Повеќе од јасно е дека се работи за интелигентен човек кој ја цени уметноста и различното мислење. Но, има веројатност да биде и премногу горделив. Ги избира внимателно луѓето со кои комуницира и обично е критичен кон сè и сите. Не сака бучни забави, така да со него не се надевајте на луд провод. Но пак за сметка на тоа со часови може да ви зборува филозофии за животот.
Фотографија од забава
Во дискотека или на плажа, тој е насмеан од уво до уво, направил смешен гест и дури држи чаша во рака. Тој е боем. Парите не знае да ги чува, има многу пријатели и неговото мото е “Од сон спомени нема“. Со него никогаш не е досадно. Ако пак очекувате сериозна врска со таков човек треба да знаете дека тој не почитува долги и сериозни обврски.Како што музиката и нештата кои ги читаме и објавуваме на Фејсбук кажуваат многу за нас, така и фотографијата која сто

Пронајдете не на следниве мрежи: