Што ве спречува да уживате во сексот?

Врвниот секс го спречуваат само површни изговори. Еве кои се најчестите и како да ги елиминирате.
Мислите дека сте премногу стари
Ако сеуште можете да јадете, дишете и да се смеете, тогаш можете да бидете отворени и за нови сексуални искуства. Возраста не е важна, се разбира, ако сте здрави. Ако имате здравствени проблеми, сексуалниот стил прилагодете го така што се уште ќе можете да уживате во задоволствата.
Се задоволувате со просечен секс
Верувале или не, многу луѓе навистина не сакаат супер секс. Страствениот секс е физички и емотивно моќен, и многу луѓе не сакаат да губат контрола па затоа избегнуваат и страствен секс. Покрај тоа, интензивниот секс вклучува интензивна врска, во која многумина не сакаат да се впуштат. Од друга страна, некои луѓе имаат намалено либидо, па едноставно не разбираат зошто се крева толку многу врева околу страствен секс. Додека двете групи на луѓе задоволуваат со просечен секс, најтажно е тоа што тие не знаат што пропуштаат.
“А каде со децата?”
Ова не може да биде изговор. Постојат милион начини за да си обезбедите време за себе барем неколку часа без деца. Ако навистина сакате да уживате во сексот ќе најдете начин да ги оставите децата кај вашите родители, или само најдете дадилка кој ќе ги однесе до паркот или во игротека.
Не можете да се ослободите
Луѓето генерално уживаат во промени, додека интровертните претпочитаат да останат во својата проверена зона. Колку сте посигурни во себе, толку е поверојатно дека ќе бидете поотворени за испробување на нови работи во сексот. Ослободете се себе си и уживајте во животот!
Премногу се срамите
Ако сте загрижени дека поради играњето на улога во сексот ќе изгледате како будала,не очајувајте  … Вие не сте сами, многу луѓе се загрижени за многу нешта, но тоа се стравови кои постојат за да можете да ги надминете. Не можете да живеете целиот свој живот во страв, храброст и направете нешто со што би го смениле тоа. Ако тоа се однесува на секс, треба да бидете горди на себе си и задоволни со себе си затоа што ви се нуди максимална возбудува.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Врвниот секс го спречуваат само површни изговори. Еве кои се најчестите и како да ги елиминирате.

Пронајдете не на следниве мрежи: