Возраста, модерниот начин на живот и навиките во исхраната може значително да влијаат на вашата способност за помнење. Почнете да ја консумирате оваа храна и ќе го ублажите проблемот.
Дали знаевте дека мозокот се развива до 80 проценти до третата година од животот, и дека до петтата година го достигнува својот полн капацитет? Во ерата на модернизација, правиме многу грешки што ги намалуваат функциите на мозокот, дури и без да сме свесни колку влијаат на меморијата.
Некои од грешките се недостаток на сон, прекумерна употреба на мобилни телефони и други електронски уреди и, се разбира, исхраната. Сигурно игра значајна улога во оптималното функционирање на мозокот.
Храната што треба да ја вклучите почесто на менито е:
Спанаќ
Сите знаеме дека спанаќот е, меѓу другото, најдобриот извор на железо, а исто така е еден од најбогатите извори на магнезиум и фолна киселина. Тие ни помагаат да ги одржиме когнитивните функции.
Жолчка
Многумина го критикуваат честото јадење жолчки од јајце, бидејќи го зголемуваат нивото на холестерол. Сепак, дали знаевте дека жолчката е особено богата со витамини Д и Б12, магнезиум и цинк, кои не само што ја подобруваат способноста за помнење, туку и штитат од сериозни невролошки заболувања како што е Алцхајмеровата болест?
Јогурт
Универзитетот во Калифорнија спроведе студија за жени кои пиеле јогурт двапати дневно, и забележано е подобрување на работата на нивниот мозок. Јогуртот е пробиотик кој ја подобрува работата на цревата, а одамна е познато дека постои директна врска помеѓу работата на мозокот и цревата.
Риба
Рибата е полна со јод, селен и здрави масти. Тие се исклучително корисна храна за мозокот, бидејќи содржат супстанции неопходни за развој на мозочните функции.
Ореви
Оревите се богат извор на омега 3 масни киселини и полифеноли кои го намалуваат оксидативниот стрес и воспаленијата.