Што е криотерапија и зошто славните се опседнати со неа?

Ова е најладниот wellness тренд, чива популарност расте со огромна брзина секој ден. Станува збор за криотерапија.
Криотерапија може да се однесува на било кој вид ладна терапија која вклучува мраз, што значи дека ако некогаш сте употребиле ладна облога со мраз за да ја намалите болката во мускулите – всушност сте имале еден третман со криотерапија.
Меѓутоа, овде станува збор за третман кој го вклучува целото тело. Криотерапијата е измислена во Јапонија за време на 70-те години од минатиот век, како терапија за пациентите со артритис. Многумина велат дека таа може да го забрза процесот на опоравување, да ја намали инфламацијата, да ја подобри циркулацијата, да ја зголеми енергијата и да помогне при слабеење.


Дали навистина е толку добра и ефективна?
Оваа терапија обожуваат да ја користат Џенифер Анистон, Даниел Крег и Џесика Алба. Една помала студија во Германија открила дека спортистите побрзо се опоравуваат, но и подобро тренираат кога одат на овој третман, додека други истражувања сугерираат дека третманот ја елиминира болката кај пациентите со остеопороза. За жал, иако се нарекува третман кој помага за слабеење, науката вели дека тоа не е случај.
Како изгледа третманот со криотерапија?
Терапијата се одвива во затворена просторија, која наликува на свемирски брод, во серии кои траат по три минути. Треба да носите чорапи, ракавици и бикини, а главата не треба да ја заштитувате, бидејќи таа е надвор од студената зона.
Криотерапијата не е за секого, бидејќи е многу ладна, но вреди да се проба!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.