Што е Bulletproof кафе и како помага при слабеење?

Bulletproof кафето го популаризира Дејв Аспри, креаторот на истоимената компанија и тврди дека тајната на ефикасноста лежи во високиот процент на масти.
Аспри е автор на четири бестселери на The New York Times, технолошки претприемач, основач на Bulletproof Coffee и поборник на истоимената диета заснована на слични принципи како палео диетата, односно верувањето дека при слабеење помага зголемената консумација на храна со висока содржина на масти.
Освен што помага при слабеење, поддржувачите на оваа диета тврдат дека има и многу други позитивни ефекти врз здравјето – го намалува холестеролот, ја подига енергијата, го балансира производството на хормони и ја подобрува концентрацијата и меморијата. Консумирање кафе наречено Bulletproof (во буквален превод: отпорно на куршуми) во утринските часови дава енергија и издржливост без да го оптоварува желудникот со тешка храна, тврдат заговорниците, а со намален внес на јаглени хидрати телото ги согорува мастите и кетоните, што на крајот помага да се изгубат вишокот килограми.

Што всушност е Bulletproof кафе?
На наједноставен начин објаснето, Bulletproof кафе е обично кафе со додаток на путер. Иако Bulletproof Coffee произведе и популаризираше сопствено кафе подготвено со MCT масло и Ghee путер, во принцип секој може да го подготви така што ќе го подготви кафето што вообичаено го пие, ќе го истури во блендер, ќе додаде една лажичка кокосово масло и една лажичка домашен путер и сè убаво ќе измеша. Количината на кокосово масло и путер може да се зголеми и намали во зависност од личните преференци за вкус и јачина.
Според Bulletproof диетата, Bulletproof кафето е замена за појадок, кое благодарение на своите 400 калории дава доволно енергија до ручек, кој, исто како и вечерата, треба да се состои од висок внес на масти, умерен внес на висококвалитетни протеини и органски зеленчук. Ручекот треба да се јаде во 14 часот, вечерата најдоцна во 20 часот, а придржувањето до овој режим наводно резултира со губење до 0,5 килограми дневно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.