Што зборуваат цртите на лицето за вас?

Се верува дека постојат сто точки на лицето со помош на кои може да се анализира карактерот. Еве некои од нив.

Што зборуваат цртите на лицето за вас?

Обликот на лицето
Луѓето кои имаат тркалезно лице се исклучително грижливи, чувствителни и емотивни. Тие имаат изразени сексуални фантазии и знаат да уживаат во стабилни и долготрајни врски.

Оние кои имаат издолжен облик на лицето се практични, методични и работливи. Најчесто се мускулести и спортски градени, па поради тоа малку и самобендисани. Нивното его им создава проблеми во врските.

Оние кои имаат квадратен облик на лицето често можат да бидат агресивни и амбициозни личности со склоност за наредување. Тие имаат остар аналитичен ум и се многу одлучни.

Лице во облик на триаголник е карактеристично за личности кои се темпераментни, креативни, интелигентни и имаат витка става.

Веѓи
Обликот на веѓите исто така говори за карактерот на личноста, за нејзината репутација и темперамент.

Густи, маркантни веѓи се знак за агресивни и јаки личности кои се вешти со рацете.

Тенките веѓи откриваат личности кои се често неодлучни.

Ниско поставени веѓи откриваат импулсивен темперамент, додека високите веѓи означуваат претпазливост во донесувањето одлуки.

Рамните веѓи се знак за личности со висок естетски критериум и особена чувствителност.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ 👇 НА СТРАНА 2:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.