Што значат ознаките на кремите за заштита од сонцето?

За правилно да го изберете вистинскиот производ за заштита од сонцето, треба да знаете некои работи.
За почеток, мораме да повториме дека заштитата од сонцето е неопходна во текот на целата година, а не само во летниот период.
Независно од тоа дали надвор е облачно, врнежливо или времето го поминувате на сончева плажа, изложените делови од вашето тело треба да бидат заштитени со овие производи.
Кремата за сончање е задолжителна во текот на целата година, особено на вашето лице, со цел на вистински начин да се заштитите од штетните сончеви знаци и фотостареење.
Дали при пазарење на креми со заштитен фактор сте се сретнале со ознаки на етикетите, а притоа не сте знаеле што значат?


Ви ги откриваме сите неопходни детали:
УВА наспроти УВБ
УВБ зрачењето е одговорно, односно предизвикува изгореници на кожата, додека пак во иднина може да предизвика рак на кожата. УВА-зраците се одговорни за предвремено стареење на кожата
Конкретно, УВА-зраците го стимулираат производството на меланин во кожата, што резултира со тен.
СПФ индекс на заштита
Индексот за заштита од сонце SPF се однесува на времето што го поминувате изложено на сонце.
Значи, SPF се однесува само на УВБ зрачењето, освен ако не е SPF 50. Тоа значи дека кога носите SPF 30, можеби нема да се изгорите, но сонцето непречено ќе ја оштети вашата кожа.
Значењето на PA ++++
Ова е мерење што доаѓа од Јапонија и се користи сè почесто – има скала од PA + до PA ++++, со знак + што покажува колку има заштита од УВА зраците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.