Што има во смутито кое Кејт Мидлтон го пие секој ден за појадок?

Кејт Мидлтон има посебен оброк кој го јаде секој ден. Тоа е смути што го пие наутро. Според извори од кралскиот двор, содржи спирулина, спанаќ, кељ, мача, зелена салата, коријандер и боровинки.„Ова смути е преполно со антиоксиданси кои се борат против оштетувањето на слободните радикали, отровите од околината кои го уништуваат природниот сјај на нашата кожа“, вели поранешната кралска нутриционистка Џенифер Ханвеј.Ако веќе не сте запознаени со оваа состојка, спирулината е вид на алги што се нарекува суперхрана благодарение на високата концентрација на антиоксиданси, витамини Б, магнезиум и други хранливи материи. Мача е зелен кофеин во прав, направен од лисја од зелен чај. Покрај кофеинот, мачата е богата со антиоксиданси и аминокиселини и е поврзана со намален ризик од болести на црниот дроб и кардиоваскуларни проблеми, според Healthline.Останатите состојки се овошје и зеленчук, кои обезбедуваат голема доза на антиоксиданси и микронутриенти како што се витамините А, Ц, К, фолати и магнезиум.Ханвеј нагласи дека вкусот на ова зелено смути е ,,проблематичен”, но може да се направи повкусен со додавање на малку путер од јаткасти плодови или друго овошје, што ќе помогне да се балансира горчината на зелениот зеленчук.Според Велс онлајн, принцезата консумира и чинија овесна каша заедно со своето смути.

Пронајдете не на следниве мрежи: