НАТО СЕ ПОЗИЦИРА КОН ИСТОК: Американски тенкови пристигнуваат во Европа!

Американски тенкови и други воени возила од денеска пристигнуваат во холандското пристаниште Влисинген, од каде ќе се упатат кон Полска и Литванија, како дел од напорите за зајакнување на источното крило на НАТО.

„Околу 1.250 парчиња воена опрема пристигнуваат на ова пристаниште“, рече полковникот Роберт Келам, кој ја надгледуваше операцијата на американската страна.

Опремата вклучува тенкови М-1 Абрамс и борбени возила Бредли, објави Ројтерс.

Холандските вооружени сили помагаат во поморската безбедност и ја чуваат областа на пристаништето каде што ќе бидат сместени возилата пред да продолжат кон исток.

Пронајдете не на следниве мрежи: