Многу луѓе не можат да замислат оброк без месо, а доколку сте на оваа листа, треба да разберете што всушност му прави секојдневното консумирање месо на вашето тело.
Нутриционистката Лиса Ричардс во својата книга „The Candida Diet“ зборува за тоа што секојдневното јадење месо може да направи за вашето тело.
Имено, со консумирање на месо ја добивате вистинската количина на протеини и масти, што е добро за вашето тело бидејќи протеините се потребни за градење и зачувување на мускулната маса, а исто така ви помагаат да останете сити подолго.
Иако месото содржи бројни аминокиселини кои му се потребни на вашето тело, тие не се единствениот извор на аминокиселини. Истата количина на аминокиселини можете да ја најдете во други извори на протеини како јајца или тофу. Меѓутоа, нутриционистката Ричардс наведува дека секојдневното консумирање месо може да му наштети на вашето тело.
„Јадењето месо секој ден, особено месото со висока содржина на масти, може да предизвика лошо здравје на кожата со производство на дополнително лачење на природно масло или себум, што доведува до појава на акни и флеки“, предупредува Ричардс.
Таа објаснува дека диетите со висока содржина на заситени масти и холестерол се поврзани со дебелината и болестите поврзани со дебелината, како што се срцевите заболувања и хипертензијата.
Исто така, редовното консумирање месо може да предизвика гихт, состојба во која кристалите на урична киселина се акумулираат во зглобовите, предизвикувајќи силна болка и непријатност. Нејзината примарна причина е внесувањето на храна богата со пурини, а месото е високо на оваа листа.
Меѓутоа, доколку не сакате да се откажете од месото, намалете ја неговата количина и консумирајте ги најздравите видови. Најздравото месо се смета за најмалку масно, а тоа е дефинитивно пилешкото. Некои парчиња говедско месо исто така се сметаат за подобра опција бидејќи содржат помалку маснотии.