Што не треба да менувате кај себе заради партнерот?

Вистина е дека компромисот е составен дел од секоја врска, но некои работи едноставно не треба да ги менувате заради партнерот, за да ја одржите хармонијата во врската.
Вашиот карактер
Ако го менувате вашиот карактер заради партнерот, тогаш се менувате себеси, вашата личност. Оној кој ве сака, ве сака со вашите добри и лоши страни.


Кариера
Вашата кариера е подеднакво важна како и неговата, затоа не треба да ја жртвувате. Дефинитивно не треба да се откажете од работата, доколку партнерот се чувства загрозено од вашиот успех.
Блиски луѓе
Не значи дека треба да се откажете од вашите пријатели доколку партнерот не ги сака. Едноставно, тој не мора да се гледа со нив.
Изглед
Не дозволувајте партнерот да ви говори дали треба да бидете дебели, слаби, вакви, онакви. Бојадисувајте ја косата, носете здолништа, шминкајте се-едноставно, правете го она што сакате со вашиот изглед.
Страст
Вашите соништа се дел од вашиот живот. Доколку имате пасија кон некое хоби, во никој случај не се откажувајте од тоа ако вашиот партнер смета дека не треба да го правите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.