Солта е несомнено еден од најпопуларните зачини во светот. Помага за подобрување на вкусот на храната, но служи и како конзерванс.
Според Eat This, кујнската сол се состои од 60 проценти хлорид и 40 проценти натриум, а натриумот е еден од основните есенцијални електролити што му се потребни на нашето тело за различни функции, од варење храна до контракција на мускулите.
Проблемот е што денес сè поголем број луѓе внесуваат премногу натриум или сол во своето тело, што може да биде многу опасно. Исто така, диететичарите предупредуваат на многу намирници за кои никогаш не би помислиле се изненадувачки богати со натриум, како грицките и преработените емсни производи.
Но, што всушност се случува со нашето тело ако јадеме премногу сол? Ова се некои од појавите кои ги забележале лекарите:
оштетување на крвните садови и срцето
надуеност, грчеви и болки во стомакот
дигестивни проблеми
дебелеење
влошување на мигрена
зголемување на ризикот од деменција.