Што откако ќе ве изневери?

Ако вашиот партнер ве изневерил, а вие не знаете што да направите, земете ги в предвид следниве совети …
Ако тој ве изневерил …
● Не се обвинувајте за она што се случило – тој е оној кој го создал проблемот.
● Ќе ви биде тешко да му простите, и треба да се запрашате: дали вашата врска е вредна за тоа и дали сте спремни да му верувате?
● Прашајте го што би направил за да ја поврати вашата доверба – потоа чекајте и видете дали тоа ќе го стори.
● Не останаувајте во врска од ниедна друга причина освен од љубов – убедувањето или децата, нема да ве држат заедно.
● Никогаш не велете, “Јас ти простив”, освен ако тоа искрено не го мислите.
● Ако се разделите, не дозволувајте неговата вина да влијае на вашата среќа. Треба (сакајте) да верувате во идниот партнер.
Ако вие го изневеривте…
● Размислете пред да признаете. Можеби доколку признаете ќе си ја олесните душата, но тој сигурно ќе се чувствува лошо. Размислете дали сакате да признаете (или не) ради себе или ради него.
● Ако сакате да ја спасите врската, мора да завршите било каков контакт со лицето со кое сте го изневериле-целосно и веднаш!
● Дали сте изневерувале поради нешто во вас, или поради нешто во врска со него? Како и да е, земете си време за да го поправите проблемот.
● На вашиот партнер ќе му треба помош да ви прости – прашајте го што сака од вас.
● Ако одлучите да се разделите, не ја повторувајте истата грешка.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Ако вашиот партнер ве изневерил, а вие не знаете што да направите, земете ги в предвид следниве совети …

Пронајдете не на следниве мрежи: