Што рече Роналдо пред пеналот? Постојат две теории, која е точна? (ВИДЕО)

За време на натпреварот од Светското првенство помеѓу Португалија и Хрватска, еден детаљ со Кристијано Роналдо остана речиси незабележан, но набрзо стана вирален на социјалните мрежи.

Имено, во моментот кога португалскиот ас се спремаше да го изведе пеналот, камерите го снимија како си кажува нешто, а многу фанови се обидоа да прочитаат што кажал.

Поголемиот дел од корисниците на социјалните мрежи веруваат дека Роналдо ги изговорил португалските зборови„Vais marcar“ , што во превод значи „Ќе постигнеш гол“ или „Ќе дадеш гол“ . Многумина веруваат дека на овој начин се обидел да се мотивира пред паузата

Некои навивачи имаа поинакво толкување и тврдеа дека тој рекол „Бисмила“ („Во името на Бога“), но таа теорија наиде на помалку поддршка, имајќи предвид дека Роналдо е познат како верник на христијанската вера.

Did Ronaldo recite Bismillāh before taking a penalty for Portugal? pic.twitter.com/t4Nt6WinS4— • (@Alhamdhulillaah) July 3, 2026

Сè уште не е јасно што рекол Роналдо, но најважно за португалскиот ас е што неговата репрезентација се пласираше во осминафиналето на Светското првенство со победа од 2:1.
The post Што рече Роналдо пред пеналот? Постојат две теории, која е точна? (ВИДЕО) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: