Што сакаат жените: Трите карактеристики на совршениот маж

Ни најискусните мажи немаат одговор на прашањето што е она што жената го бара од совршениот партнер. Точно е дека вистинско решение всушност и нема, и дека се е индивидуално, но сепак постојат некои ситници кои сите дами без исклучок ги посакуваат.

На прво место е искреноста. Искреноста е многу важна за жените и најмногу од се не поднесуваат кога овој сегмент во врската недостасува. Кога мажот лаже, жените се подготвени и да ја раскинат врската, бидејќи најважно од се за нив е да имаат на кого вистински да се потпрат. Без оваа основа, врската стои на стаклени нозе.

(Видео) Министерката за здравство на Словачка: Премиерот Фицо уште е во критична состојба
Премиерот Роберт Фицо е во рацете на врвни кадри кои се грижат за неговото здравје, соопшти вечерва на брифинг со новинарите министерката за здравство Зузана Долинкова. Воедно, таа им …
Украинската авторка Катерина Бабкина во петок во Лабораториум
Во петок, 17-ти мај во 20 часот во Културниот центар „Лабораториум“ гостува една од најуспешните украински авторки, Катерина Бабкина. За книгата „Капчо и китот“ со неа ќе зборуваат Румена Бужаровска …

На второ место е неговата способност да слуша. Жените сакаат кога покрај себе имаат партнер на кој можат да се доверат, кој ќе знае да ги сослуша, да ги советува и да биде нивна подршка во секој момент. Ако ја имате таа моќ, ќе се издвоите од останатите риби во морето. Слушајте што зборува и ќе бидете специјален за неа, а таа ќе посака засекогаш да ве има во своја близина.

И на трето место е зрелоста. Жените сакаат стабилни мажи, кои знаат што сакаат. Во машката природа е тој да биде јак и секогаш цврст прислон за жената, а во ситуациите кога е обратно, дамите набрзо ќе почнат да бараат нешто ново, некој кој ќе умее да ги заштити и да ги направи да се чувствуваат сигурни. Жената е нежна и нормално е да бара некој кој ќе биде посилен од неа. Се останато не доаѓа во предвид.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.