Што сеете, тоа ќе жнеете: Моќна поука од приказната за старецот и дрвената чинија

Еден истоштен стар човек отишол да живее со синот, неговата сопруга и 4-годишниот внук. Рацете на старецот се треселе, неговиот вид бил заматен, а неговото движење бавно.
Тие секогаш јаделе заедно на трпезариската маса, но треперливите раце и лошиот вид на старецот предизвикувал многу проблеми. Храната паѓала од неговата лажица на подот, чашата млеко се слизнувала од неговите раце и се истурала врз масата…
Синот и неговата сопруга почнале да се нервираат поради нередот. „Мора да направиме нешто за татко ми“, рекол синот. Не можам да издржам повеќе истурено млеко, гласно јадење и храна на подот“.
Токму затоа тие поставиле мала маса во аголот од просторијата каде што дедото ќе јаде додека останатите уживаат во ручекот на големата маса. Бидејќи тој скршил неколку чинии, неговата храна била сервирана во дрвена чинија. Времето поминувало и понекогаш кога тие го погледнувале за време на ручекот можеле да забележат мала солза во неговото око додека седел и јадел сам.


Сепак, единствените зборови кои парот му ги кажувале биле остри критики кога ќе му паднела виљушката или пак, кога ќе истурел храна. 4-годишното дете набљудувало во тишина.
Една вечер, пред вечерата, таткото забележал како синот си игра со дрвени остатоци на подот. Тој љубезно го прашал „Што правиш?“ Исто толку љубезно и синчето му одговорило, „Ох, правам мали чинии за тебе и мама со цел да можете да ја јадете вашата храна кога ќе пораснам“. Детето се насмеало и се вратило назад на работа.
Оваа изјава толку силно ги погодила неговите родители, што тие останале без зборови и се расплакале. И покрај тоа што не изговориле ниту еден збор, и двајцата знаеле што треба да се направи. Истата вечер мажот му подал рака на дедото и внимателно го одвел до фамилијарната маса каде што тој јадел со останатите до крајот на својот живот.
Поради некоја чудна причина, ниту сопругот ниту сопругата веќе не се грижеле за паднатите виљушки, истуреното млеко или дамките врз чаршафот.
Поука: Вие го жнеете тоа што сте го сееле. Без разлика на вашата врска со родителите, тие многу ќе ви недостасуваат кога нема да бидат повеќе дел од вашиот живот. Секогаш почитувајте ги, грижете се за нив и сакајте ги!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.