Што се случува ако јадеме грозје со семки?

Семките од грозје можат да делуваат како „лек“ на организмот, но можат да предизвикаат и одредени проблеми.
Во зависност од сортата, грозјето може да содржи мали семки кои многумина ги голтаат, најмногу затоа што мразат да ги плукаат и да ги фрлаат. Дали е опасно да се јадат овие семки и во кој случај, објаснуваат лекарите.
Доколку се внесе помала количина не може да ни наштети, велат стручњаците. Во тој случај ова семе лесно се излачува од организмот и ризикот да „оди таму каде што не треба“ и да предизвика задушување или стомачни проблеми, практично е непостоечко.
„Неколку проголтани семки нема да му наштетат на здравиот човек. Ќе се сварат или ќе ги исфрлиме во сосема непроменета форма“, вели нутриционистот Лорен Минчин и додава дека во помали количини ова семе може да биде дури и корисно.
Семките содржат концентрирани лековити соединенија кои на клетките им обезбедуваат подобар заштитен ефект од комбинираниот внес на витамини Е и Ц. Така, екстрактот од семки од грозје е 20 пати посилен антиоксиданс од витаминот Ц и дури 50 пати помоќен од витаминот Е. Ги проширува крвните садови, ги зајакнува капиларите, спречува срцев удар, го намалува ризикот од проширени вени и формирање на атеросклеротични наслаги, односно таложење на маснотии на ѕидовите на крвните садови. Го намалува и ризикот од оштетување на очното ткиво, како и можноста за макуларна дегенерација и катаракта во староста. Познато е и дека има лаксативно дејство, па затоа се препорачува при проблеми со запек.
Меѓутоа, „ако сакате грозје и јадете поголема количина од ова овошје, дури и со семки, тоа не е добро“, истакнува Минчин.
„Семките може да предизвикаат сериозно оптоварување на цревата ако човек изеде поголема количина грозје, килограм и повеќе“, вели нутриционистката. „Нема да биде фатално ниту во овој случај, но подобро е да не ризикувате“, објаснува таа.
Поради високата содржина на фруктоза, грозјето се смета за висококалорична храна и не се препорачува за луѓе кои имаат дијабетес или се обидуваат да ослабат. Сепак, ова слатко овошје содржи и изобилство на хранливи материи кои се корисни за здравјето, па затоа најдобро е да го јадете умерено.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.