Што се случува со телото ако почнете да јадете мед пред спиење

Повеќето од нас се свесни дека медот може да се користи за борба против грип и за хидратација на кожата, но можеби не сме свесни дека научниците го сметаат за суперхрана поради неговите многубројни лековити својства.

Комбинацијата на мед со храна е вкусна и здрава, но ако консумирате само една лажица мед пред спиење и му дозволите на телото да ги апсорбира благодетите што ги има, ќе се изненадите од чудата што ќе се појават во вашето тело.

Сообраќајни прописи во Грција на кои македонските туристи можат да „се сопнат“, а казните може да бидат поскапи од целиот одмор
Многумина летово ќе заминат на одмор во Грција со автомобил, а бидејќи казните за сообраќајни прекршоци се заострени, не е лошо да се потсетиме на прописите. Многумина се изненадени од фактот дека пушењето цигара во …
Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција, како што повика Зеленски во февруари
Албанија ќе го реактивира производството на оружје и муниција. Предлог-законот на Министерството за одбрана, го отвора патот за тоа преку формирање државна компанија, која ќе го контролира овој сектор, објавија медиумите. Потсетуваат …

Во продолжение се некои од работите кои му се случуваат на телото кога ќе почнете да јадете мед пред спиење, пренесува Телеграф.

Спијте многу подобро

Медот содржи хранлива состојка наречена триптофан, хормон кој ви помага да се опуштите и му дава на телото сигнал дека е време за спиење. Иако на телото му е потребна оваа аминокиселина, телото не ја произведува по природен пат, па затоа мора да ја добиеме со конзумирање на храна како мед.

Ви помага да го намалите високиот крвен притисок

Бидејќи високиот крвен притисок е фактор кој придонесува за намалување на ризикот од срцеви заболувања, одржувањето на крвниот притисок е клучно за избегнување на разни компликации. Медот содржи антиоксиданси за кои е докажано дека го намалуваат крвниот притисок.

Ќе ги намалите триглицеридите

Триглицеридите се вид на масти кои се наоѓаат во крвта. Нивното високо ниво значи поголем ризик од развој на срцеви заболувања и дијабетес. За среќа, медот е поврзан со намалување на нивото на триглицериди во телото.

Вашиот имунолошки систем е зајакнат

Медот е богат со антиоксидантни и антибактериски агенси кои помагаат во зајакнувањето на имунолошкиот систем, што ве прави посилни во борбата против инфекции предизвикани од микроорганизми како што се бактерии, габи и многу вируси.

Мастите почнуваат да согоруваат побрзо

Медот исто така може да го забрза метаболизмот со тоа што создава термогено дејство врз телото. Тоа значи дека ја зголемува циркулацијата, што малку ја зголемува телесната температура и на тој начин ви помага да согорите маснотии без да се трудите премногу.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.