Што смеете и што не смеете за време на ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС!!

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата на Република Северна Македонија вечерва одлучи:

1. Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 06:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

• Од оваа забрана се исклучуваат лица кои имаат потреба од итна медицинска помош / животно загрозувачка состојба/лица на дијализа, исклучиво во придружба на најмногу две лица.

• Доколку поради итноста на здравствената состојба возилото биде запрено од полициска контрола, дополнително ќе се евидентира и ќе се провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравствената институција, преку приложување на медицинската документација по завршување на медицинскиот преглед. Ова е усогласен став со Министерство за внатрешни работи и е оперативно изводливо.

• Директорите на јавно здравствените установи ќе изготват список на вработени лица за кои се предвидува дека ќе имаат неопходна потреба за движење вон лимитираното време и ќе го дистрибуираат до Министерство за внатрешни работи или друго Министерство/Установа, со цел изготвување на специјални пропусници/легитимации, за лицата кои ќе можат да се движат вон рестриктивните часови. Со тоа Министерство за внатрешни работи да има комплетен увид за временскиот период кога овие лица ќе се движат.

• Во контекст на постоечките рестрикции за движење не се опфатени припадниците на Министерство за внатрешни работи, Армија на Република Северна Македонија, противпожарните екипи, лицата вработени во комунална хигиена, кои се во моментот на работа во смена.

• Да се ограничи бројот на дежурните аптеки на територијата на градовите и да се назначат од Министерството за здравство или Агенцијата за лекови-МАЛМЕД или Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, одреден број на аптеки, кои ќе дежураат во рестриктивниот период, а во исто време да бидат локациски поврзани со дежурните здравствени институции. Пристапот до дежурните аптеки ќе се ограничи само на лица кои извршиле медицински преглед во здравствена установа, а како доказ за тоа ќе приложат  медицински извештај од извршен преглед.

• Да се задолжат такси компаниите да воведат дежурства со ограничен број на возила и истите да бидат искористени исклучиво за превоз кон/од болничка установа или аптека. Таксистите задолжително да користат лична заштитна опрема во возилото (заштитна маска и ракавици).

2. Се забранува движење на возила од јавен превоз од 21:00 до 06:00.

3. Дежурни екипи на ЕВН, Водовод и канализација, Телекомуникации служби, топлификација смеат да се движат само по претходна најава на 192 (МВР).

4. Да се организира меѓуградскиот и јавниот превоз со ограничување на капацитетот за превоз на патници за 50%  во возилото, или со задолжително одржување на растојание од најмалку два метри меѓу патниците.

5. Се забранува собирање на населението во групи поголеми од 5 (пет) лица во период од  06:00 – 21:00 на јавни места и површини.

*

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

Полицискиот час ќе трае од 21 до 6 часот, ќе се применува од утре!

Шилегов на Фејсбук: го рушиме „Медицинар“ за да се направи простор околу Инфективна

Нина Ангеловска се откажа од министерската плата додека се на сила кризните мерки

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.