Што точно го откажа интонирањето на химната за Ципрас?

Во интервјуто на “1ТВ“ премиерот Заев изјави дека при пречекот на грчката делегација не се свирела химната затоа што доцнел авионот на Алексис Ципрас.
– Поради тоа што доцнеше авионот. Скративме голем дел од оние официјалности кои што беа и впрочем гледате, направивме едно убаво селфи, претставување на делегациите и слично. Дури скративме и двајца министри кои дискутираа, еден од наша страна, еден од грчка, за строго да ги средиме протоколите и квалитативноста на самиот настан за билатералните средби да добијат стварно на значење во неопходно време. Имаше многу работи важни на тет а тет средбата, на меѓувладината седница, на форумот со бизнисмените. Само се трудевме да стигнеме, одговори Заев.
На прашањето на Орданоски: “Некој рече дека тоа што оркестарот има Република Македонија на ракавите е една од причините поради кои не е свирена химната, Заев додаде:
– Значи може да постои таква причина или било што. Ние знаеме секој пат да се коригираме, можеше да се сошие или слично. Еве оркестрите заедно ќе бидат и таквите делови ќе бидат поклопени затоа што Уставот е јасен, каде што е “Република Македонија“ треба да биде “Република Северна Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK