Што треба да знаете за пожарите коишто во моментов се случуваат во светот?

Во 2018 година сезоната на шумските пожари во Калифорнија – најдеструктивни во историјата на државата, изгореле 1,89 милиони ари шумска површина. Во последниве неколку дена во светот се случуваат повеќе пожари паралелно, создавајќи рекорден број пожари што се случиле за само една недела. Во моментов 4 региони во светот се под пламени јазици: Алјаска, Сибир, Канарските острови и најголемите пожари досега во Амазонските прашуми каде што чадот може да го забележи и НАСА од вселенскиот простор. Тој бил проширен на повеќе од 2.400 километри сè до Сао Паоло, целосно покривајќи го градот во магла во понеделникот попладнето.


Пожарите всушност се природни, но и корисен дел за шумскиот екосистем (ги претвораат мртвите материјали и оние во распаѓање во хранливи материи за животниот циклус да започне одново). Меѓутоа, големината и обемот на овие 4 пожари се навистина проблематични.
Во Канарските острови огнот што започнал во саботата уништил 25.000 ари и принудил над 8.000 луѓе да се евакуираат. Тој е најлош пожар во Шпанија оваа година. Во Алјаска неколку поголеми огнови распространети на 2,5 милиони ари предизвикаа состојба на вонредна ситуација. Во Сибир неколку месеци по ред неконтролирани пожари формирале голем чад кој покрива подрачје поголемо од Европската Унија, а тој стигнал и до Америка и Канада. Сè уште не се знае колкава е штетата во Амазон, но според сателитските податоци, чадот го покрива половина Бразил.
Што ги предизвикува овие пожари?
Зошто овие пожари се случуваат одеднаш? Месец јули беше еден од најжешките месеци некогаш регистрирани според Националната океанска и атмосферска администрација. Во него имаше најголеми топлотни бранови коишто ги погодија градовите околу Земјината топка. Фактот дека Алјаска и Канарските острови имаат абнормални суви лета не помогнал воопшто. И во Јужна Америка има проблем со дефорестација. Рикардо Галвао, претставник на бразилската влада, изјавил дека стапката на дефорестација во државата пораснала за 88% ова лето и предизвикал штета од широки размери во индустриското сечење и агрикултурата.


Кој ќе биде исходот од овие пожари?
Постојат повеќе причини за грижа поради ова што се случува во моментов – покрај фактот дека горат прекрасни природни богатства. Огнот што се ослободува од шумските пожари испушта јаглерод во средината, притоа влошувајќи ги климатските промени. Некои истражувачи се загрижени дека чадот од сибирските огнови ќе се спушти на арктичките ледени покривачи и ќе предизвика тие да се стопат побрзо. Истото се случува и во амазонските прашуми – уште познати и како белите дробови на планетата – кои произведуваат 20% од светскиот кислород и влијаат врз глобалните врнежи. Накратко кажано, тие се есенцијален екосистем кој не смееме да дозволиме да го изгубиме.
Како да бидете во тек со настаните и да се вклучите во нив?
Проверете го хаштагот #PrayForAmazonia и ако можете на некој начин вклучете се во донациите. Не заборавајте дека сите ние играме улога во глобалните кризи како овие: Информирајте се работите што ги купувате да не влијаат врз дефорестацијата, бидете повнимателни во природата и чувајте ги нејзините богатства!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.