Што треба да јадете пред спиење?

Дневниот распоред ви е натрупан со обврски. Колку време имате за квалитетен сон? На телото му е потребна соодветна регенерација после дневното исцрпување. Со изборот на храната можете да влијаете на квалитетот на сонот.
Која храна делува позитивно на сонот?
1. Свежо сирење.

2 до 3 часа пред спиење го подобрува сонот. Тоа е извор на казеин – протеинот кој ги обезбедува мускулите со есенцијалните аминокиселини. Го поттикнува сонот и помага да се одморите. Парче сирење и неколку бадеми се одлични за добар сон.
2. Каша од житарици. Извор на серотонин кој го поттикнува сонот, го редуцира стресот и поттикнува смиреност и опуштеност. Додадете исецкано јаболко, цимет и топло млеко – идеална вечера.
3. Кикирики.

Внимавајте на количината која ја внесувате затоа што имаат високо количество на масти. Неколку кикирики пред спиење се доволни за добар сон и поттикнување на серотонинот.
4. Топло млеко. Шоља топло млеко е најпопуларен начин за полесно заспивање. Млекото помага во регулирање на мелатонинот – хормонот кој природно го контролира циклусот на спиење и будење. Засладете го со лажичка мед.
5. Грозје. Делува исто како и млекото. Го комбинираат со јогурт.
Овие намирници не треба да ги консумирате непосредно пред спиење туку 2 до 3 часа пред да си легнете за да имаат време да се сварат и да почнат да делуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.