Што треба прво да се напиете на празен стомак? За поголем дел од нутриционистите нема дилема – вака најдобро ќе го започнете вашето утро

Која течност е првата која треба да ја внесете во организмот кога ќе станете од кревет? Конечно сте престанале да го одложувате алaрмот, сте се натерале да станете и да се упaтите во кујната. Вистинско време е да се напиете нешто, но што?

Првото нешто на кое помислуваме е водата, а еве што експертите мислат за тоа?

Што прво треба да се напиете на празен желудник?
Доколку се напиете чаша вода не можете да згрешите, согласни се поголем дел од експертите. Како што истакнале за „Huff Post“ водата е корисна да се пие и доколку не сте жедни.

„Можеби не мора нужно да чувствувате жед, но пиењето вода е здрава навика која овозможува да бидете адекватно хидрирани во текот на целиот ден“, истакнува регистрираната диететичарка и нутриционистка Вики Шанта Ретелни.

Бројни истражувања покажале дека има многу предности во консумирањето вода штом станеме, а само некои од нив се чистење на цревата, детоксикација, помал ризик од главоболка, повеќе енергија.

Сепак, кога станува збор за детоксикацијата, бидете внимателни, не постојат пијалаци кои делуваат како филтер и ги исфрлаат лошите и нездрави супстанции од организмот, иако водата сигурно ќе ви помогне во чистењето на телото низ урината.

„Не верувајте во ниеден напиток за кој се тврди дека ве детоксицира“, вели Аманда Франкени.

Чаша вода со лимон – да или не?
Никој од експертите не сметал дека постои некоја посебна магија во водата со лимон, најчесто препорачаниот напиток за пиење на празен стомак.

„Топлата вода е неверојатно смирувачка, а лимонот дава некој вкус. Лично, доколку пијам топол напиток повеќе сакам од него да добијам антиоксиданти, па предложувам наместо тоа да пиете зелен чај со лимон“.

Дали смее да се пие чај на празен стомак?
Според експертите чајот без оглед на која температура, секогаш е здрав избор.

Тоби Смитсон, нутриционистка која на 8 години ѝ бил дијагностициран дијабетес, вели дека секој ден го започнува со варен чај.

„Истражувањата покажаа здравствени придобивки од чајот, вклучувајќи превенција и управување со дијабетес“, напоменала таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.