Што јадат Ангелите на Викторија сикрет?

Манекенките од брендот Викторија Сикрет мора да бидат во совршена форма, но и тоа има своја цена. Еве што јадат и како тренираат овие убавици.
Диетата на ангелите на Викторија се заснова на здрави масти и протеини, со минимален внес на јагленихидрати, а дневниот калориски внес не треба да надмине 1.300 калории.
На манекенките им се препорачува да јадат пилешко бело месо, немрсно јунешко месо или риба, а соодветна „протеинска“ замена може да бидат и две-три јајца.
Млечните производи и глутенот се забранети, како и зеленчукот кој расте под земја бидејќи се вари потешко.


На „забранетата листа“ секако се наоѓа шеќер, вклучително и овошниот, со исклучок на шумското овошје. На убавиците им се препорачува со секој оброк да внесуваат и две порции здрави масти (кокосово масло, авокадо или маслиново масло).
Бидејќи исхраната е со исклучително ниско ниво на јагленихидрати, што телото може да го доведе со состојба на кетоза која може да биде и опасна, на Ангелите им е дозволено повремено да изедат половина филџан кафен ориз, сладок компир или киноа.


Манекенките првиот тренинг во текот на денот го имаат на „празен стомак“, ако не се земе во предвид водата и кафето, а потоа следува протеински шејк. Последниот оброк е најдоцна во 6 попладне, а алкохолот е строго забранет.
Од девојките се очекува во текот на ноќта да спијат меѓу седум и девет часа и во текот на денот на испијат меѓу две и четири литри вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.