Сините зони се пет различни заедници распространети низ светот, а заедничко им е тоа што имаат најголема концентрација на жители кои живеат над 100 години. Нивната долговечност лежи се должи на специфичниот начин на живот, а меѓу останатото, и на исхраната.
Авторот Ден Бетнер детално ги истражувал сините зони, а особено е интересна неговата анализа на различни видови исхрана во секој регион.
Како места на кои живеат најдолговечните луѓе се означени Икарија во Грција, Окинава во Јапонија, Сардинија во Италија, Лома Линда во Калифорнија и полуостровот Никоја во Костарика. Јасно е дека сите припаѓаат на различни култури и поднебја, па е невозможно преклопување кога станува збор за исхраната.
Сите консумираат разновидна исхрана богата со влакна, зеленчук, овошје, млечни производи и мала количина на риба и месо. Но, лесно било да се одредат уште неколку важни заеднички елементи, пишува Business Insider.
Така, додека модерниот свет држи диети исфрлајќи ги јаглехидратите од исхраната, најдолговечните луѓе живеат од нив. Испадна дека жителите на сините зони обично јадат комбинации од здрав скроб.
Тоа вклучува житарки од цело зрно, мешунки и компир. Зеленчукот е на второ место во секоја зона, заедно со овошјето, односно сите намирници богати со влакна и хранливи состојки од растително потекло.
Кога станува збор за јаглехидратите, овие заедници консумираат јачмен, овес и кафеав ориз. Лебот содржи житарки од цело зрно и повеќето го подготвуваат во домашни услови.
Бататот е основна намирница за заедницата во Окинава. Мешунките, како грав, леблебија и леќа исто така се сметаат за основни намирници за многу други заедници. Во Лома Линда многу почесто консумираат мешунки и производи од соја, додека процентот на житарки е многу помал во нивната исхрана.