Што јадат најздравите луѓе за појадок?

VTI Technical Research Centre од Финска ги проучуваше прехрамбените навики на 147 здрави луѓе со нормална телесна тежина во период од 4 месеци. Истражувачите на чело со д-р Ана Лена Вориен открија дека здравите луѓе за појадок јадат три вида намирници.
Овошјето е на првото место. 51 процент од испитаниците се изјаснија дека јадат овошје за појадок, млечни производи јадат 41 процент од испитаниците, а житарки 33 проценти.


Иако лебот се смета за извор на непотребни калории, дури 32 отсто од испитаниците го започнуваат денот со парче леб или лиснато печиво.
26 проценти од испитаниците признале дека не појадуваат- наместо тоа пијат кафе, а останатите(74 отсто) се изјаснија дека своите обврски ги завршуваат и без да испијат кафе.
„Нема потреба да ја избегнувате омилената храна, дебелеењето може да го спречите ако ги слушате потребите на вашиот организам, а предност се дава на квалитетот, а не на квантитетот на оброкот“, појасни д-р Ана Лена Воринен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.