Што ќе се случи ако додадете виагра на некое растение или го испиете со сок од грејпфрут

Ова чудесно сино апче, лансирано е пред 15 години на американскиот пазар и го освои светот како ни еден лек до тогаш. Синиот лек против импотенција и проблеми со ерекцијата се консумира без контрола – 6 парчиња на секоја секунда, а до сега се продадени над 2,5 милијарди апчиња .
Во Европа најмногу ја консумираат Британците , потоа Италијанците и Германците, а најмногу Виагра се троши во Бристол. Виагра е лекот кој доживеа и најмногу фалсификати, па речиси 80 проценти од Виаграта што може да ја купите преку Интернет е лажна.
Ако не сте знаеле, Виаграта е нуспроизвод од обидот да се пронајде нов лек за ангина пекторис, а првите среќници кои учествувале во клиничките истражувања не забележале никакви подобрувања врзани со болеста, но затоа во креветот правеле чуда.
Некои истражувачи од Аргентина , во 2007 година, ја освоија Iq Нобеловата награда за целосно бескорисни истражувања, бидејќи откриле дека штурците кои имаат проблем со несоница како последица на џет лег , се опоравуваат побрзо ако им се даде Виагра. …
Виаграта ја сакаат и растенијата, бидејќи во Израел откриле дека полевањето на ружите и каранфилите со раствор кој содржи 2 проценти  од дозата за мажите, предизвикува побрзо растење и поголеми цветови, кои остануваат свежи долго откако ќе се наберат.
За крај неколку совети: никогаш не пијте Виагра и сок од грепфрут бидејќи тој ќе го блокира апсорбирањето на апчето.
Мрсната храна го забавува дејството на Виаграта, па затоа ако имате планови, прво почестете се со лесна вечера, а дури потоа фрлете се на акција во кревет.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.