Што ќе се случи ако помешате кромид и шеќер и го изедете? Многумина тврдат дека ќе почувствувате важна промена!

Ако измешате кромид и шеќер, ќе добиете чудесен напиток кој помага против настинки и грип.

Подгответе ладен пијалок на следниов начин:

Излупете го кромидот и исечете го на парчиња со средна големина. Наполнете ја теглата со кромид, посипете со шеќер и затворете ја теглата. По два дена во теглата ќе се формира сок кој треба да го процедите и потоа да го чувате во фрижидер. Од овој пијалок можете да пиете една до три лажици дневно.

Бидејќи вкусот на кромидот и шеќерот не е за секого, можете да пиете малку вода или сок откако ќе земете една лажица.

Мислењата за ефикасноста на овој напиток се поделени, а некои сметаат дека овој сок не може да го заштити организмот од вируси и грип. Шефот на Одделот за детско здравје, д-р Ени Ченг, рече дека нема објавени научни докази за поддршка на ефикасноста на овој пијалок.

На вас останува да процените дали вреди да се проба овој пијалок, а можеби резултатите нема да изостанат.

Други совети:

Важно е да пиете доволно течности, исто така се советува да се одморите и да избегнувате физички напор доколку имате настинка или грип.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.