Штрудлички со мармалад

Состојки
250 гр путер
180 гр кисела павлака
1 кесичка ванилин шеќер
500 гр брашно
1 мала лажичка печиво
3 лажици шеќер
Полнење
мармалад од портокал,шипка или лешник крем
шеќер во прав за наросување

Меки,вкусни,ароматични….едноставно се топат во уста.
Од сите наведени состојки за тесто се убаво мазно тесто.
Се сучи правоаголна кора која ја сечеме на 6 ленти,одприлика со околу 7 цм ширина.Во средината на секоја лента ставаме мармалад по избор(кај мене домашен мармалад од портокали и од шипка и една лента со нутела) Краевите на лентите се виткаат навнатре и со прсти се лепи тестото за да се формира ролат.Се реди во плех со страната од каде што е виткан ролатот надолу.Се сечат парчиња од околу 8 цм и се печат во загреана рерна на 180 степени петнаесетина минути.
Печените штрудлички додека се топли обилно се посипуваат со шеќер во прав.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.