Шунката, колбасите и сланината го зголемуваат ризикот од рак, но…

Ново истражување на Универзитетот Харвард посочува дека преработено месо, како што се шунката, колбасите и сланината, за девет отсто ја зголемува веројатноста да се развие рак на гради кај жената. Научниците спровеле анализа на податоци кај 1,2 милиона жени.
– Проучувањето покажа значителна поврзаност меѓу јадењето обработено месо и ризикот од рак на градите.

Намалувањето на консумацијата на обработено месо, пак, се чини полезно за превенцијата од ракот на гради, изјави раководителката на истражувањето, д-р Маријам Фарвид од Харвард.
Сепак, сето тоа треба да се земе со резерва, оти тоа остава „многу неодговорени прашања” и не докажува дека поголемата консумација на преработено месо води директно до рак на градите, смета проф. Кевин Мекконвеј од британскиот Отворен Универзитет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.