Ѓоковиќ донираше милион евра за респиратори за Србија

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе донира еден милион евра за респиратори и дополнителна медицинска опрема за Србија, со цел да ѝ помогне на својата земја во борбата со коронавирусот.

Новак заедно со неговата сопруга Јелена, преку нивната хуманитарна фондација сумата ќе ја донираат за набавка на респиратори од Кина и Германија.

Тие онлајн преку видеоразговор им се обратија на српските новинари, упатувајќи голема благодарност пред се до здравствените лица.

„Ви благодарам што присуствувате на ова конференциско дружење. Сакам да започнам со тоа што ќе изразам голема благодарност до целот медицински персонал кој со денови, ширум светот, се бори за здравјето на луѓето и се труди на секој начин да им помогне на инфицираните” вели Новак во изјавата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.