Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ се наоѓа на листата со учесници за Мастерсот во Индијан Велс, кој е на програмата од 6 до 19 март, меѓутоа мали се шансите да се појави на турнирот.
Главна причина за тоа е правилото во САД кое не му дозволува да влезе ако не е вакциниран против ковид-19.
Ѓоковиќ од истата причина го пропушти турнирот и минатата година, а истото може да се случи и оваа доколку не се променат правилата во меѓувреме.
На листата со учесници за Индијан Велс се наоѓа и Рафаел Надал, но тој во моментов е повреден.