Ѓоковиќ и Јокиќ се сретнаа во Лос Анџелес



Новак Ѓоковиќ времето во САД додека го чека почекот на Индијан Велс го искористи и да даде поддршка на својот сонародник Никола Јокиќ.

Ѓоковиќ заедно со Владе Дивац беше на трибините на последниот натпревар на Денвер во кој овој тим играше против Лос Анџелес и славеше победа од 124:114.

По овој натпревар двајцата големи спортисти се сретнаа и си поделија комплименти.

„Тука сум да уживам во кошарката, спорт кој го сакам. Многу ја ценам големината на Леброн и Никола Јокиќ. Никола е сигурно еден од најдобрите спортисти кои Србија некогаш ги имала во историјата. Тоа што го прави е неверојатно и за светската кошарка, не амо за српската. Го сакам навистина и како човек“, изјави Ѓоковиќ пред да се прегне со Јокиќ.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: