Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен откако Јакуб Меншик се откажа од осминафиналето без борба. Новак Ѓоковиќ и Јакуб Меншик требаше да го одиграат својот натпревар од осминафиналето на Австралија Опен во понеделник наутро, но чешкиот тенисер објави еден ден претходно дека мора да се откаже поради повреда.
„Ова е тешко да се напише. Откако направивме сè што можевме за да продолжам, морам да се повлечам од Австралија Опен поради повреда на стомачниот мускул која се влошуваше во последните неколку натпревари. По долги разговори со мојот тим и лекарите, донесовме одлука да не играм утре. Иако сум разочаран, стигнувањето до 4-то коло тука за прв пат е нешто што ќе го носам со себе долго време. Ја почувствував огромната енергија на публиката и атмосферата во Мелбурн беше навистина посебна. Благодарам на мојот тим што беше со мене на секој чекор од патот и на сите што испраќаа пораки и ме бодреа – тоа значи повеќе отколку што можете да замислите. Сега е време правилно да се опоравам“, напиша Меншиков.
Новак сега има четиридневна пауза пред себе, а неговиот противник во четвртфиналето ќе биде победникот од дуелот Лоренцо Мусети-Тејлор Фриц.



