недела, 29 ноември 2026
Најново

Ѓоковиќ се врати од „мртвите“ за петта титула на Вимблдон!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Новак Ѓоковиќ е победник на годинешниот гренслем-турнир Вимблдон, откако со 3-2 во сетови, односно 7-6, 1-6, 7-6, 4-6 и 13-12 успеа да слави против Роџер Федерер, за речиси пет часа игра.
Ѓоковиќ беше многу подобар на стартот на последниот сет, откако во четвриот гем не искористи три брејк топки, но на наредниот сервис на Федерер успеа да направи брејк за водство од 4-2.


Швајцарецот во следниот гем врати со брејки намали на 3-4, по што следуваше голема борба и неколку брејка на двете страни за израмнување на 12-12, а притоа Федерер пропушти две меч топки.
Во тај-брејкот подобар беше Србинот, кој со убедливи 7-3 ја освои петтата титула на Вимблдон.

Поврзани вести