Ниту ве знам, ниту ве познавам, за прв пат ми бевте посочени како монструм во полициска станица, беше единствениот одговор на Ѓорчевски за Палевски
„Немам коментар“ беше одговорот на прашањата поставени од обвинетиот Љупчо Палевски кон таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој денеска сведочеше во Основен кривичен суд Скопје. Ѓорчевски одговори единствено на првото прашање на Палевски, во врска со тоа дали слушнал дека има комуникација со кој било член од неговото семејство, при што замоли веќе да не одговара на прашањата од Палевски.
Обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на Вања, одби да му одговара на прашањата на првообвинетиот Љупчо Палевски, на денешното продолжение за двојното убиство. Единствено што му одговори беше дека не го познава и оти на секое следно прашање нема да добие одговор.
„Дали сте слушнале дека сум имал комуникација со било кој член од вашето семејство?“, беше првото прашање од Палевски на кое го доби единствениот одговор од Ѓорчевски
„Јас како што кажав, ниту ве знам, ниту ве познавам, за прв пат ми бевте посочени како монструм во полициска станица, првпат ве видов тука во судница, ниту па знам човек што ве познава вас вклучително и моето семејство. И би ја искористил можноста да не одговорам на ваши прашања, инаку секое моj следен одговор ќе гласи исто“, кажа Ѓорчевски и на секое следно прашање од Палевски велеше дека нема коментар.
„Последното, колку да влезе во записник, неколку пати кажавте дека МВР се однесувала кон вас како да сте ретардиран, но и денеска видовме такви ретардирани однесувања од ОЈО? “, праша Палевски, по што го доби последното „Немам коментирам“ од Ѓорчевски.
Повеќе тука
The post Ѓорчевски одби да му одговара на Палевски appeared first on 365.mk.